Во Италија запленети 25 кг кокаин, уапсени петмина Албанци

Полицијата во италијанскиот град Торино запленила 25 килограми кокаин и 35 килограми средство за мешање со дрогата,кои на пазарот дотигнуваат вредност од околу милион евра.
Ова,според тиранската телевизија Ора њус, е најголема количина на кокин запленет во овој италијански град.
Во акцијата уапсени се петмина албански државјани,членови на групата која била поврзана со фамилијата Чапја од албанскиот град Елбасан,позната во медиумите поради меѓусебните убиства.
Акцијата следела по подолга истрага и претходни апсења.
Прв од групата, уапсен пред повеќе месеци бил Сајмир Серјани, познат како Мири и според италијанската полиција се смета за дел од „најсилната криминална албанска фамилија-Чапја од Елбасан“.
Него полицијата го уапсила пред повеќе месеци откако во неговиот автомобил „пежо“ пронашла 600 грама кокаин и 108 илјади евра,како и апарат за броење пари,но и клучеви од станови.
Во текот на истрагата,биле испробани клучевите во многу станови во населба каде најчесто минувал Серјани,по што со еден од клучевите бил отворен стан во зграда, кој бил претворен во лабораторија за дрога.
Ново на Сител
-

Шефот на германската дипломатија пристигна во Скопје на средба со министерот Муцунски
-

Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-

Студентите можат да аплицираат за ваучер од 250 евра за нов компјутер
-

Утре почнува судењето за “Пулс” - едно од најкомплицираните судења во македонската историја
-

Надзорна расправа за Кочани: Власта го прифати барањето на опозицијата уште пред да биде поднесено
-

Шефот на германската дипломатија Вадефул попладнево доаѓа во Скопје
-

Опозициски пратенички прашања: Бугарија, ИПАРД афера, извештај на ЕК
-

Петмина кандидати за претседател на ДКСК ги поминаа интервјуата во Собрание
