Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело
Италијанскиот Парламент одобри нов рамковен закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на фотографии или видеа создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) без согласност на прикажаните лица ќе биде казниво со затвор до пет години.
Мерката, поддржана од двата дома на Парламентот, вклучително и конечното гласање синоќа со 77 гласа „за“ и 55 „против“ во Сенатот, е насочена кон поединци и компании кои дистрибуираат фотографии или видеа создадени со помош на ВИ без дозвола.
Пратениците презедоа мерки по серија неодамнешни случаи поврзани со порнографски видеа создадени со вештачка интелигенција, во кои жртвите често беа жени, вклучително и јавни личности.
Италија е првата земја од Европска Унија што создаде национална правна рамка што ги вклучува новите упатства на ЕУ за ВИ.
Законот ги утврдува општите принципи за употреба на вештачка интелигенција и ѝ наложува на Владата да изготви детални правила за употреба на системи за вештачка интелигенција.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Си Џинпинг го одобрува договорот за ТикТок
-
Видео порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН
-
ОЈО: Три лица под сомненија за изнуда на пари од скопјанец
-
Во Белград претпладнево ќе се одржи воена парада
-
САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари
-
Руски авиони упаднаа во Естонија
-
Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони
-
Вечерна богослужба и Литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје