Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело
Италијанскиот Парламент одобри нов рамковен закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на фотографии или видеа создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) без согласност на прикажаните лица ќе биде казниво со затвор до пет години.
Мерката, поддржана од двата дома на Парламентот, вклучително и конечното гласање синоќа со 77 гласа „за“ и 55 „против“ во Сенатот, е насочена кон поединци и компании кои дистрибуираат фотографии или видеа создадени со помош на ВИ без дозвола.
Пратениците презедоа мерки по серија неодамнешни случаи поврзани со порнографски видеа создадени со вештачка интелигенција, во кои жртвите често беа жени, вклучително и јавни личности.
Италија е првата земја од Европска Унија што создаде национална правна рамка што ги вклучува новите упатства на ЕУ за ВИ.
Законот ги утврдува општите принципи за употреба на вештачка интелигенција и ѝ наложува на Владата да изготви детални правила за употреба на системи за вештачка интелигенција.
МИА
Ново на Сител
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор