Преглед на вестите од светот
Американскиот претседател Доналд Трамп, на заедничката прес-конференција со британскиот премиер, Кир Стармер, го презентираа договорот за технолошки инвестиции, што предвидува повеќе десетици милијарди долари инвестиции на двете страни од Атлантикот .
Трамп повтори дека неговата цел е да ја запре руската инвазија врз Украина, признавајќи притоа дека на почетокот мислел дека тоа ќе оди „најлесно“ благодарение на неговиот однос со Владимир Путин.
„Но, тој ме разочара. Навистина ме разочара“, рече Трамп.
Повеќе од 700.000 руски војници се распоредени на „линијата на контакт“ во Украина, каде Москва со месеци спроведува офанзивни акции и стекнува предност во некои сектори, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот со парламентарните претставници.
Откако започна голема офанзива против Украина пред повеќе од три и пол години, Москва мобилизираше огромни човечки и материјални ресурси, а воедно претрпе и големи воени загуби, според проценките на независните медиуми.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги посети своите војници во источниот Доњецки регион, центарот на борбите против руските сили. Тој објави дека украинските трупи ослободиле 160 квадратни километри територија и седум населени места за време на операцијата во Доњецкиот регион, на истокот од Украина.
Над еден милион луѓе низ цела Франција учествуваа вчера на демонстрациите организирани од осум француски синдикати во обид да влијаат врз новиот премиер и неговите буџетски одлуки, соопшти синдиокатот Се-Же-Те (CGT), еден од двата главни синдикати.
Овој број е поголем од оние што излегоа за време на последните големи демонстрации против пензиската реформа во јуни 2023 година, кога, според истиот синдикат, се собраа 900.000 луѓе. Властите сè уште не објавија информации за бројот на луѓе на демонстрациите. Штрајковите влијаеа и на сообраќајот и на работата на метрото во Париз.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар