Во Гостивар утре ќе се прска против комарци

На подрачјето на општина Гостивар утре од полноќ па до раните утрински часови ќе започне првото прскање против комарци и други штетни инсекти.
Од гостиварската локална самоуправа информираат дека ова третирање ќе биде на повеќе локации како дел од првата фаза. Прскање од земја ќе има во градскиот парк лево и десно од реката Вардар, во близина на општата болница, по улицата „ЈНА“ до Здуњска раскрсница, коритото на реката Вардар во атарот на село Равен, каналот од Здуњска раскрсница - Шеста зона, Малеарди, ул. "Борис Кидрич", ул. Беличица до населба Фазанерија, селата Долна и Горна Бањица, по булевар "Браќа Гиноски", градскиот плоштад до излезот на градот кон село Чајле и река Јахорка во село Форино.
Од општината нагласуваат дека во случај на дождливо време или силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за друг ден со поволни временски услови.
Локалните власти апелираат до одгледувачите на пчели да преземат соодветните мерки за заштита, да ја обезбедат потребна количина на вода за пчелите кои треба да бидат во нивните живеалишта минимум 5-6 часа по третманот на подрачјето.
Прскањето со средството „ауродил“ годинава ќе го спроведе ДПТУ Плант Медика.
Ново на Сител
-

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња
-

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а Џини индексот е првпат под 30 проценти во последните 30 години
-

Собранието го донесе Законот за Судски совет
-

Јаневска: Во образованието почнува да се реализира она што требало многу порано, се движиме добро
-

Зеленски: Од Трамп побарав гаранции за Украина во траење до 50 години
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
