Зеленски: Од Трамп побарав гаранции за Украина во траење до 50 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нацрт-рамката за мир за ставање крај на војната на Русија против Украина предвидува безбедносни гаранции од САД за Украина за период од 15 години, но оти тој побарал од американскиот претседател Доналд Трамп безбедносни гаранции за период до 50 години.
– Навистина, ова не е засекогаш … Го покренав ова прашање со претседателот (Трамп). Му кажав дека веќе сме во војна и дека тоа трае речиси 15 години. И затоа навистина би сакал гаранциите да бидат подолги, рече Зеленски во порака преку WhatsApp до новинарите.
Нацрт-рамката за мир за ставање крај на војната на Русија предвидува безбедносни гаранции од САД за Украина за период од 15 години, но Зеленски верува дека овој период не е доволно долг, пренесува УНИАН.
– Му реков дека многу би сакале да ја разгледаме можноста за 30, 40 или 50 години. А потоа тоа би била историска одлука од страна на претседателот Трамп. Претседателот рече дека ќе размисли за тоа, рече Зеленски. Според него, директна средба со Русија е можна откако Трамп и европските лидери ќе се согласат за предложените документи.
Украинскиот претседател, исто така, рече дека Трамп го информирал дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за планот од 20 точки. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одржа средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида.
Трамп рече дека е постигнат голем напредок, дека околу 95 проценти од мировниот план за завршување на војната со Русија е договорен и оти конфликтот би можел да заврши „за неколку недели“.
Униан, исто така, потсетува дека по средбата меѓу украинскиот и американскиот претседател, Трамп изјави дека Украина ќе добие „силен“ безбедносен договор и оти европските земји се активно вклучени во овој договор. Зеленски, исто така, рече дека се постигнати значајни успеси како резултат на преговорите со американскиот претседател во Флорида.
МИА
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
