Во гевгелискиот Црвен крст релативно задоволни од акцијата „Нахрани 10.000“
Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија релативно е задоволна од одзивот на граѓаните од градот и постигнатите резултати во акцијата „Нахрани 10.000“, изјави денеска секретарот Димитар Вегов.
- Во првата акција собравме храна што е доволна да ја донираме на 25 социјални случаи од општината, но имајќи предвид дека секогаш може да биде подобро, се надевам дека наредниот месец одзивот во акцијата ќе биде уште поголем и очекувам во неа со донации да се вклучат и стопанските организации, пред се од преработувачката индустрија во општина Гевгелија, рече Вегов.
Целта на хуманитарната акција што ќе продолжи наредниот месец, на 16 октомври, е да се соберат 60 тони спакувана и конзервирана храна наспроти 12 тони кои беа собрани во 10 градови.
Според статистички податоци, во Македонија на годишно ниво се фрлаат 12.000 тони храна поради што нашата земја е рангирана на седмото или осмото место во светот по фрлање на вишок храна.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз