-->
-->
Во Германија, крадци однеле 2.000 телевизори и 16.000 четки за заби, штетата е 1,4 милиони евра
-->
Крадци упаднале во логистичко складиште во Дуизбург, западна Германија и украле 2.000 телевизори и 16.000 електрични четки за заби.
Сѐ уште непознатите натрапници успеале да побегнат со одземените уреди. Меѓу украдените предмети е и сеф тежок повеќе од 100 килограми, соопшти полицијата.
Се проценува дека пленот е вреден 1,4 милиони евра. Кражбата се случила овој викенд, но германската полиција вчера го објави соопштението.
Според надлежните органи, крадците упаднале во зградата преку прозорец. Најверојатно им требале неколку камиони за да ги однесат илјадниците украдени предмети. Истрагата за злосторството е во тек. Снимки од видеонадзорот, како и можни очевидци се земаат предвид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување