Во Европа вирусот Ковид-19 е во опаѓање, но нема да исчезне без вакцина
Директорката на Европскиот центар за контрола и превенција на болести Андреа Амон вели дека во ЕУ вирусот Ковид 19 го достигна својот врв и дека во повеќето земји-членки е во опаѓање.
Таа наведува дека ограничувањата во движењето и социјалната изолација го намалија ширењето на коронавирусот за 45 проценти од почетокот на пандемијата во Европа, но и дека вирусот нема да исчезне сè додека не се најде вакцина.
Амон пред Комитетот за животна средина и јавно здравје на Европскиот парламент нагласи дека досега со новиот коронавирус се заразени 3, 5 милиони луѓе низ целиот свет, а пријавени се 250.000 смртни случаи.
– Последните податоци за ЕУ, Европската економска област и Велика Британија покажуваат дека има заразено 1,1 милиони луѓе и повеќе од 130.000 смртни случаи, рече Амон.
Таа го потенцира фактот дека во Европа особено се погодени домовите за стари лица, така што во некои земји над 50 отсто од смртните случаи се таму.
Амон додава дека во процесот на постепено повлекување на рестриктивните мерки, а со цел да се намали бројот на болни и починати, како и да се контролира ширењето на вирусот и неговото пренесување, земјите мора да се фокусираат на неколку важни точки.
Станува збор за воспоставување стратегија за следење на интензитетот и ширењето на вирусот, влијанието врз здравствениот сектор, како и следење на спроведувањето на физичката оддалеченост меѓу граѓаните.
Друга точка, според неа, е да се прошири капацитетот за тестирање, рано откривање и изолирање на потврдени случаи, што вклучува заштита на ризични групи и проценка на општ имунитет.
– Земјите мора да посветат особено внимание на т.н. следење контакти, доволни капацитети на здравствениот сектор, но и да го оценат досегашниот одговор за да ги идентификуваат најдобрите практики и научените лекции, рече Амон.
Таа особено ја потенцира важноста за донесување стратегија за информирање на јавноста за ризиците и другите аспекти за Ковид-19.
– Граѓаните треба постојано да се потсетуваат дека овој вирус нема да исчезне додека не ја имаме вакцината, предупреди Амон.
Ново на Сител
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем