Во дебарско се препорачува внимателно возење поради влажни коловози и помали одрони
По дождот кој од вчера попладне врне на подрачјето на Дебар, Река и Жупа, има појава на помали одрони од камен и земја на патните правци во овој регион.
Поради одроните и влажниот коловоз, од дебарската секција на „Македонија пат” препорачуваат многу внимателно возење, посебно на осојничавите места.
-Има помали одрони од камен и земја, што е вообичаена појава. Нашите екипи се постојано на терен во нивно расчистување и сообраќајот се одвива без поголеми проблеми. Поради можноста од одрони, но и влажниот коловоз препорачуваме многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачува Деар Лиманоски, раководител на секцијата.
Додава дека на делницата Јанче – Присојница, на патот Дебар – Маврово, поради изведување градежни работи на патот, сообраќајот се регулира со сообраќајна сигнализација.
Инаку, вообичаено најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади”, на патниот правец Дебар – Маврово, како и кај месноста „Три чешми” на патот кон Струга, и месноста „Кокошкина краста” на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.
Кога станува збор за одроните, на 11-ти овој месец имаше голем одрон од околу 200 кубни метри камен кој се сруши на коловозот кај селото Долно Косоврасти, по серијата потреси присутни во поширокиот дебарски регион кои ги разнишаа и карпите. За среќа, во критичниот момент немало ниту возила, ниту пешаци.
Ново на Сител
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот