Во близина на Валона запленети еден тон мархуана
Албанската полиција во координирана акција со италијанската поморска патрола спречи шверц на еден тон мархуана.
Акцијата била реализирана во територијалните води кај Валона, кога пограничната патрола по полноќ забележала едрилица која се движела во правец на Италија.
Едрилицата „Нано Нини“ пловела под италијанско знаме, а во неа биле две лица, албански и италијански државјанин, кои кога ја забележале патролата почнале да ги фрлаат пакетите со марихуана во морето. Двете лица се уапсени.
Тоа е последователна акција на полицијата од Валона во спречување на шверц на големо количество мархуана. Само во текот на овој месец, кај овој познат албански приморски град, запленети се околу 2,5тони мархуана.
Инаку, во последното деноноќие, во неколку одделени акции, албанската полиција на различн локации заплени околу 150 килограми мархуана.
Ново на Сител
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани