-->
-->
Во Атина уапсен Швеѓанец со 31 украдени пасоши
-->
Грчката полиција на атинскиот меѓународен аеродром уапси еден Швеѓанец со ирачко потекло, кај кого биле пронајдени 31 оригинални пасоши, меѓу кои половината биле регистрирани како украдени во Шенгенскиот информативниот систем, објави „Катимерини“.
Уапсениот е на 71-годишна возраст.
Полицијата води истрага за утврдување дали пасошите се украдени од страна на припадници на џихадистичката група Исламска држава во Сирија и Ирак.
Проверката покажала дека 15 од вкупно 31-те пасоши се заведени како украдени во Шенгенскиот информативен систем.
Швеѓанецот со ирачки потекло планирал од аеродромот во Атина да отпатува со авион за Истанбул.
Украдените пасоши биле скриени во мала микробранова печка која уапсениот ја пренесувал со багажот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка