Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
Албанските власти уапсија три лица под сомнение за подметнување пожар во градовите Фиер, во југозападниот дел на земјата и Лушња, централна Албанија.
Уапсените албански државјани се мажи на возраст од 68, 61 и 62 години, со што бројот на осомничени за подметнување пожар ја надмина бројката од 140 лица.
Според информациите од Министерството за одбрана на Албанија, состојбата со шумските пожари во земјата значително се подобрила. Во последните 24 часа регистрирани се 28 пожари, од кои само три се активни, додека шест остануваат под надзор.
Моментално се активни пожарите во Трнова, општина Булќиза, североисточна Албанија, во близина на албанско- македонската граница кај Дебар, во Џет, општина Фуш Арез, северна Албанија и Вељ општина Мирдита, северозападна Албанија.
Во операциите за гаснење на пламените јазици се ангажирани 52 противпожарни возила и 740 оперативен персонал, потпомогнати од 323 припадници на армијата, 7 противпожарни возила и еден хеликоптер од албанската армија. Два хеликоптера од Обединетите Арапски Емирати по еден од Чешка и Словачка, како и еден авион „Канадер“ од Италија, исто така, помагаат во гаснењето на шумските пожари во Албанија.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги