Во Албанија анти-ковид вакцината ќе биде бесплатна и незадолжителна
– Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека вакцината против опасниот коронавирус ќе биде бесплатна и оти нема да биде задолжителна.
-Кој сака да се вакцинира, вакцината ќе биде бесплатна, но не станува збор за мала бројка, за што ќе издвоиме голем износ на средства од буџетот, рече Рама.
Претходно тој по неколкудневен престој во САД, со цел постигнување договор за обезбедување анти – ковид вакцина, најави дека вакцинацијата ќе почне во првите два месеца од следната година. Рама оствари средба со генералниот директор на компанијата „Фајзер“, но како што додаде ќе се разговара и со Модерна и Астра Зенека.
Албанија планира да набави 1.140.000 дози вакцини со кои ќе бидат опфатени 20 отсто од населението и се предвидува едно лице да добие две дози од вакцината.
Според вчерашните официјални податоци во земјата се регистрирани 661 нови случаи со Ковид-19 или 30,2 отсто од тестираните, починале 14 пациенти или 1.016, додека оздравеле 505 или 25.850 од вкупно заразените 49.101 лица.
Деновиве се очекува Комитетот на експерти за справување со пандемијата да ги разгледа состојбата со заразата и да одлучи дали ќе има проширување на ограничувачките мерки за време на претстојните божикни и новогодишни празници.
Министерството за образование, спорт и млади веќе најави продолжен зимски распуст за учениците, како и продолжени ученички одмори за други празници.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии