-->
-->
Во Албанија 1001 новозаразен со Ковид-19
-->
По повеќе месеци, во Албанија во последното деноноќие се регистрирани над илјада нови случаи на зараза со коронавирусот, соопштија здравствените власти.
„Од направениот 2221 тест, позитивен бил 1.001, што е над 45 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се внесени 687, а починале двајца пациенти на 63 и 76-годишна возраст“, пишува во соопштението од Министерството за здравство и социјална заштита.
Во земјата во моментов има 5.644 заразени, а во болница е 31 пациент.
Бројот на нови случаи почна да расте на почетокот на месецов, од кога во просек дневно имаше по околу 700 новозаразени.
Во земјата веќе се дава четвртата доза на вакцината против ковид, но според надлежните, речиси воопшто нема интерес за имунизација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти