Внимавајте: Вешти измамници демнат пред болници, измамен и олеснет млад дебарчанец

Вчера во 16,55 часот во Полициската станица Центар Љ.С.(28) од Дебар пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот на улицата “Тодор Александров“ од страна на две лица бил измамен и му земале 5.000 денари. Лицата го пресретнале оштетениот и му кажале дека на едниот од нив му требаат 5.000 денари, со цел да плател инфузија за сопругата, а како гаранција му оставиле нараквица што наводно вредела и му рекле дека ќе се вратат.
Оштетениот им ги дал парите и ги чекал некое време, но истите не се вратиле, по што пријавителот сфатил дека бил измамен. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Пред неколку дена, односно во вторникот во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.С.(62) од село Лабуништа, струшко, пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје, во близина на болницата Филип Втори, бил измамен од две непознати лица и бил оштетен за сума од 12.200 денари. Прво му се доближило едното лице и побарало да му помогне во превод на српски јазик, наводно со некој странски државјанин, со кој направил сообраќајна незгода.
Тогаш, Б.С. тргнал со лицето и пред болницата се сретнале со другото лице. После тоа, сите заедно продолжиле да се движат, а во еден момент наводниот странец му побарал 100 евра и 6.100 денари за, наводно, да ги даде на докторот за укажаната помош по сообраќајната незгода. Тој му дал пари, а „странецот “ му дал рачен часовник како гаранција додека му донесе пари. После тоа, двете лица заминале и не се вратиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски