Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
ЈП Паркинзи на Општина Центар ги предупредува граѓаните дека денеска било пријавено оти е поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на јавното претпријатие.
-На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а тој води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства, информираат од ЈП ПОЦ.
Оттаму ги замолуваат граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да ги известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk .
Од страна на јавното претпријатие во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите