Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
Наместо лидерска Филипче да го претстави планот за реформи на прес конференција или лично да го бара премиерот за да разговараат – Мицкоски контра барањето за лидерско соочување. Вели темата е пресериозна и бара сериозен пристап.
Дали Филипче е подготвен за ваквите предлози нема одговор иако Сител побара став од него. Останува последната најава дека во текот на идната недела ќе побара лидерска за да се разговара за актуелната состојба и евроинтеграциите.
Предлогот за заеднички натпартиски кандидат за градоначалник на Кочани за Мицкоски е неприфатлив - во денови на тага било рано да се зборува за вакви теми.
Останатите партии воздржани околу предлог за лидерска. Според албанскиот владин партнер ВРЕДИ лидерот на СДСМ нема кредибилитет за такво барање. За Таравари смета дека предлогот на Филипче бил само губење на време.
И ЗНАМ ќе ја чекаат прво да ја видат иницијативата па потоа ќе носат одлука дали би би седнале на иста маса со СДСМ.
Интегративците пак го условуваат учеството со формирање на собраниска комисија со меѓународен надзор.
Влада била подготвена и за анкетна комисија за кочанската трагедија како што бараат од Бихаќка и сомнежите за селективна истрага, но само ако биде проширена и за останатите трагедии.
Поради трагедијата и истрагата која се уште е е во тек привремено е стопиран и процесот на разрешување и на државниот обвинител Коцевски.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар