Македонија
30. March 2025 - 20:11

Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров

Да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров, млад жител на Неготино, кој исчезна пред точно два месеца, бараат неготинци на социјалните мрежи. 

– Точно два месеца поминати од исчезнувањето. Не сакаме ние како семејство на Миле, неговото исчезнување да биде заборавено и ставено во фиока, како предмет на расчистен случај. Ги замолуваме јавно надлежните институции и медиумите да се расветли случајот што поскоро, апелираа денеска и негови блиски преку објави на Фејсбук. 

Миле Тодоров има 28 години.