ВМРО-ДПМНЕ: Заради неодговорното работење, граѓаните денес плаќаат 3 пати поголеми сметки за струја
Криминалот, тендерите во 4 очи во РЕК Битола и целосната неодговорност од страна на криминалната власт на СДСМ и ДУИ го доведе енергетскиот систем во целосна капитулација.
Заради неодговорното работење во енергетскиот систем во државата, граѓаните, стопанството и општините денес плаќаат за 3 пати повисоки сметки за електрична енергија.
Секојдневните хаварии во РЕК Битола со не работата на дел од блоковите, поплавата од пред неколку дена во рудникот Суводол, немањето суровини и ископ на јаглен се реалната состојба за негрижата на власта кон енергетскиот систем.
Поплавувањето во рудникот Суводол е резултат на неискуството, нестручноста и непочитување на соодветната рударска документација при вршењето на ископ на јаглен.
Нестручниот, непрофесионалниот и несовесниот пристап кон работата во РЕК Битола и другите енергетски капацитети во Македонија, резултира со ваков тип на појави каде цената на нивно санирање ќе биде на товар единствено врз грбот на граѓаните.
Според официјалните податоци за две година повеќе од 1терават час електрична енергија ЕЛЕМ произведува помалку. Па така во 2019 година ЕЛЕН произведувале 4,25 терават часови, а во 2021 година произвеле само 3,17 терават часови.
Ваквото неодговорно работење на оваа криминална власт мора да и се стави крај. Премногу е!
Излезот од оваа криза, но и од грабежот на граѓаните од власта е во брзи предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски