ВМРО-ДПМНЕ: Заев има слабо владејачко мнозинство
Ако СДСМ има стабилно мнозинство тогаш зошто следниот ден веќе не можеше да се оддржи седница на Собранието поради недостаток на кворум.
Удирањето во гради на Заев со мнозинство не носи вакцини за граѓаните кои умираат поради неспособноста на Заев.
Заев има слабо, кревко владејачко мнозинство.
Зоран Заев е исплашен и игра по нотите на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев додека глуми стабилен, Македонија нема вакцини против КОВИД-19, а државата неговата влада ја задолжи за 850 милиони евра со камати.
Заев додека глуми стабилен во државата владее енормна сиромаштија, Македонија е во длабока рецесија.
Заев додека глуми стабилен нема правда во државата, но затоа има криминал, и владее мафија на секој чекор.
Хибриден режим кој е најкорумпиран е реалноста која ја создаде Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги