Македонија
31. August 2025 - 20:42

ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а осум се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума и во Општина Кавадарци кај селото Фариш каде повторно е потпалена ниска вегетација, информира Центарот за управување со кризи.

Под контрола е приземен пожар на планината Кожуф во Општина Гевгелија, а изгаснати се пожарите кај поранешната депонија Вардариште, во Општина Долнени кај село Долгаец (мешана шума), Општина Делчево кај Градската депонија (ѓубриште), Општина Куманово кај филтер станицата (ниска вегетација), Општина Центар на Кеј 13 Ноември (ѓубре), Општина Илинден кај село Миладиновци (ниска вегетација) и кај Индустриска зона Бунарџик (ниска вегетација и патничко возило), Општина Ѓорче Петров покрај Лепенец (ѓубре) и Општина Сарај кај езеро Треска (ѓубриште).

 

МИА