ВМРО-ДПМНЕ: Заев го користи политичкиот прогон против Груевски за политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ владее со политички терор и притисоци. Државата е киднапирана од картелот на власт, а граѓаните се повеќе осиромашуваат, им се зголемуваат даноците и се менува името и идентитетот на државата.
Недемократската и немакедонска власт предводена од Зоран Заев го користи политичкиот прогон против Никола Груевски за политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.
Ударот врз опозицијата има една цел – да се дефокусираат граѓаните од мачната живеачка и се полошите политики кои ја водат државата во пропаст.
Правната држава не функционира. Откако СДСМ е на власт до сега има евидентирано вкупно 9 нерасчистени убиства, бројот на грабежи е зголемен, а сведоци сме на секојдневни престрелки во центарот на Скопје и запалени автомобили на фреквентни локации, но никој не одговара. Сторителите како и секогаш не и се познати на полицијата водена од Спасовски.
Година ипол правосудните органи немаат поведено ниту една постапка за корупција и криминал против претставници на власта.
Владеењето на правото е нарушено целосно, а демократијата е стран поим во Република Македонија под водство на СДСМ.
Додека се случува национална катастрофа во режија на СДСМ, граѓаните се тие кои го плаќаат цехот. Токму затоа СДСМ мора час поскоро да си замине од власт, а одговорност мора да има за секој кој го прекршил законот, стои во соопштението ипсратено од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите во Лига Европа
-
Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати
-
Шведска го отпушти селекторот
-
СЗО бара построга политика за алкохолот во борбата против рак во ЕУ
-
Европската комисија ги казни „Гучи“, „Клое“ и „Леве“ со 157 милиони евра поради договарање на цени
-
На Радиологија при снимање на МР на пациент на кислородна поддршка се случил технички проблем, тој е во добра здравствена состојба
-
Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“
-
Тел Авив бара одговор: Хамас предал само четири тела на заложници, наместо сите 28