ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не бега од соочување со народот и да излезе на предвремени парламентарни избори

Зоран Заев да не бега од соочување со народот и да излезе на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
СДСМ ги претвори улиците низ градовите во бојно поле, каде криминалци се препукуваат, а граѓаните се жртви на убиства и грабежи.
Власта е неспособна да ги гарантира безбедноста и јавниот ред и мир. Во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје беше фрлена бомба во објект на Бит пазар и со автоматски пушки беше ограбена банка на Качанички пат. Штета има, а реакција од МВР нема.
Скопје и буквално цела држава се небезбедни. Власта наместо да ги штити граѓаните, се претвори во заштитник на криминалците.
Власта не е повеќе во состојба да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Граѓаните се исплашени за своите животи и за својот имот. Оливер Спасовски го претвори МВР во главен промотор на криминалот.
Спасовски е заинтересиран само за личната кариера и сомнителните тендери и лиценци.
МВР го распиша огласот за доделување на лиценца за возачки испитни центри, кои ги добија фирми формирани непосредно пред да се распише огласот.
Полицијата се искористи за се, само за штитење на граѓаните не.
Откако СДСМ е на власт, а Оливер Спасовски министер, имаме вкупно 9 нерасчистени убиства, голем број на грабежи, запалени автомобили и други тешки кривични дела.
Државата континуирано тоне. Безбедноста е на најниско можно ниво од осамостојувањето до денес.
Нарушената безбедност е една од многуте причини поради кои се потребни итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Насилието и криминалот не смеат да бидат наше секојдневие. СДСМ мора да си замине. Граѓаните ќе им стават крај на црнилата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-   
           Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
-   
           ДУИ прогласи победа на локалните, бара предвремени избори - ВРЕДИ за 2 круг ќе остават гласачите сами да одлучуваат
-   
           Со булдожери се чисти ѓубрето низ Скопје, Комунална хигиена се прави дека не ги гледа
-   
           ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје
-   
           Проекти и ветувања на кандидатите кои влегоа во втор круг во трка за градоначалнички функции
-   
           Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
-   
           Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”
-   
           Преглед на вестите од светот







