-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ го води системот на социјална заштита во пропаст
-->

Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев го води системот на социјална заштита во пропаст. Наместо да се грижат за најраливата категорија на граѓани како што ветуваа пред избори, тие континуирано ги кратат нивните права.
Пратеничката група на СДСМ на вчерашната собраниска седница ги одби сите амандмани предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесени за Законот за социјална заштита.
Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ беа изготвени во координација со претставници од социјално ранливи групи , со лицата со попреченост и нивните претставници. Амандманите на ВМРО ДПМНЕ беа во полза на овие граѓани, но Заев одлучи да ја крати помошта која ја добиваат.
СДСМ заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска наместо да овозможат реализирање на што поголем број на права во овој домен, се залагаат за нивно укинување.
Оваа ненародна власт ги укина стекнатите права на граѓаните кои беа гарантирани со мерките за трето и четврто дете.
Министерката Царовска со новиот Предлог закон за социјална заштита го намали на 50% додатокот за покривање на дел од трошоците за потрошувачки енергенси во домаќинствата.
СДСМ го укина и користењето на надоместокот на услугата помош и нега во домот, доколку истовремено се користи услугата лична асистенција.
СДСМ удри и по старите лица така што правото на постојаната парична помош ќе се трансформира и сега ова право ќе го ужива само еден од брачните другари со навршени 65 години, исклучувајќи ја можноста на брачниот другар или лицето со кое живее во вонбрачна заедница да го оствари тоа право.
Во предизборието ветуваа социјална помош од 12.000 денари, но излажаа, како и за се друго.
СДСМ во областа на социјалната заштита покажува целосна негрижа за граѓаните. Единствено се ажурни во продолжување на нивната политика на лажење. Се ближи денот кога граѓаните ќе стават крај на лагите на Заев и Царовска.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“
-
Кочани на приоритетната листа за министерот за здравство - Алиу вели дека нема да оперира, туку ќе менаџира со системот
-
Процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани е долг, скап и макотрпен
-
Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит
-
Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули