ВМРО-ДПМНЕ: Следува време на десороизација
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение посочи дека следува време на десороизација и оти деструкцијата на, како што стои, платениците на Сорос е прочитана секаде.
- СДСМ и Сорос се надеваа дека со пари и со помош од надвор ќе ја изиграат волјата на народот, ќе се дограбат до власт и ќе продолжат со својот деструктивен поход, минувајќи неказнето. На 11-ти декември народот им стави крај на ваквите мрачни фантазии на СДСМ/Сорос, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потсетуваат дека, како што стои, СДСМ/Сорос две години дивееја уништувајќи се пред себе и предизвикаа штети тешки десетици милиони евра.
- Семејствата на 40-тината полициски службеници кои беа нападнати и повредени во насилните протести пред Владата и останатите полицајци треба да знаат дека правдата доаѓа, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
-
При претрес во Радовиш, пронајдена дрога, пушка и муниција
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
СДСМ и натаму бара лидерска средба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
-
Скопје и утрово најзагаден град во Европа