ВМРО-ДПМНЕ: Синот на Талат Џафери без завршен факултет положил правосуден и експресно станува обвинител
И покрај тоа што ДКСК утврди дека Барлет Џафери, синот на Талат Џафери незаконски полагал правосуден испит пред да биде дипломиран, станува јавен обвинител.
Во државата не важат законите подеднакво за сите. Барлет Џафери не само што не смее да стане јавен обвинител, туку согласно македонските прописи, веднаш трева да му биде одземено уверението за положен правосуден испит и кривично да одговараат и тој и сите инволвирани во случајот.
Еден правник мора да дипломира, да заврши мастер студии, потоа да стажира една години кај адвокат или две години во државна управа, па тек потоа да се пријави за полагање на правосуден испит доколку ги исполнува сите пропишани услови.
Згора на тоа, се поставува прашањето дали Барлет Џафери воопшто полагал правосуден испит или бидејќи е син на Талат Џафери така го добил уверението за положен правосуден испит.
Додека татко е прв законодавец, синот е избран за јавен обвинител.
Ги повикуваме сите надлежни институции соодветно да реагираат, ова е преседан од невиден размер. Не смее Барлет Џафери да стане јавен обвинител само затоа што татко му Талат Џафери е прв човек на собранието.
Ова е само една од многуте причини поради која граѓаните немаат доверба во судството и правосудните органи.
Време е за промена на власта. Потребни се избори и ставање крај на искористување на функциите од власта за лични интереси.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!