ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов игра на картата на кратка меморија на граѓаните кога вели дека не сечеле дрва
Петре Шилегов по примерот на Зоран Заев свесно лаже и ги манипулира скопјани. Градоначалниците на СДСМ сечат дрва низ цело Скопје, а Шилегов игра на картата на кратка меморија на граѓаните кога вели дека не сечеле дрва.
Доколку сепак Шилегов има дупка во меморијата, па не се сеќава што правеа Златко Марин и Стефан Богоев пред неколку месеци, ние ќе го потсетиме со фото и видео материјал како се сечеа дрва за да се градат згради, токму од него и неговите градоначалници.
Богоев сечеше дрва кај Веро во Карпош, а Марин сечеше дрва низ цел Аеродром.
Ова е вистинската слика на СДСМ. Уништуваат зеленило и ја загрозуваат животната средина, а потоа лажат.
Лагите и манипулациите нема да им помогнат на СДСМ. Скопјани одамна ги прочитаа. За уништувањето на зеленилото, загрозувањето на животната средина и неработата во изминативе две години следува казна на 12 април, кога СДСМ ќе изгуби во Скопје.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур