ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со покачената акциза на горивата за еден месец ги ограби граѓаните за 5 милиони евра
СДСМ со покачената акциза на горивата за само еден месец ги ограби граѓаните за 5 милиони евра, потврди денеска Нина Ангеловска.
Се потврдија ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ краде од џебот на народот за да ја пополни буџетската дупка која ја предизвикаа со лошото менаџирање со државната каса. Поради криминалните милионски тендери кои си ги делеа блиските до Заев во изминатиов период и го испразнија буџетот народот сега треба да исплаќа од џеб.
Ангеловска потврди дека под диктат на Заев и Спасовски за само еден месец, временски период откако е покачена акцизата во буџетот се соберени над 300 милиони денари, т.е. 5 милиони евра повеќе на име акцизи.
Тоа се 5 милиони евра помалку на сметките на фирмите и џебовите на граѓаните. СДСМ спроведува политика – „Наместо парите кај народот, парите кај Заеви“.
Ова е само показател дека штетите врз економијата поради покачената акциза ќе бидат разорни и ќе се мерат во неколку десетици милиони евра.
Со СДСМ само одиме кон економски крах. Ни треба итен план за излез од амбисот кон кој не втурна СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност