Македонија
1. May 2025 - 16:32

0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права

Затворени фирми, не исплата на плати и инфлација, ова е реалноста за македонскиот работник. Ситуацијата не мрднува од мртва точка од први мај минатата година до празникот на трудот годинава, тврди Кристина Ампева од Гласен текстилец.

-Во изминатите година дена можам да нанабројам фирми кои беа затворени. Само во последниот месец имаме уште 2 компании од Скопје кои се затворени, каде работниците се оставени без плати, придонеси и сл. Имаме кривични пријави за не почитување на права од социјално осигурување и не исплата на плата, каде ОЈО ви вели, тоа не е кривично дело, тоа е прекршочно, иако децидно си стои во Кривичниот законик. Инфлација таква каква што имаме, ќе видиме дека во регионот платите се покачени, само кај нас не се, само останува она усогласување во март од 1800 денари и мислам дека нема никакво подобрување, изјави Кристина Ампева, Гласен текстилец.

Потребно е доследно почитување на законската легислатива, инспекциските служби постојано да се на терен, а институциите на системот да бидат ажурни во донесување на одлуките, зашто во спротивно целиот товар паѓа на грбот на работникот, додава Ампева.

ОЈО да ги гони ваквите предмети, кога некој не ви исплаќа плата со месеци, согласно Кривничниот законик, а не прекршочни казни од 100 евра, што им дава дополнителен мотив на работодавачите постојано да ги кршат работничките права, кои се и човекови права. Треба да имаме УЈП која го почитува Законот за работни односи која го известува трудовиот инспекторат , каде се исплаќа под минимална плата, каде се доцни со плата, изјави Ампева.

Во случај на неисплата на неколку плати треба да следува „замрзнување“ на имот за да се подмири долгот кон работниците. До Гласен текстилец пристигнати и се неколку пријави од работници кои не ја добиле усогласената плата повисока за 1800 денари.