ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
Се намалува бројот на работници во индустријата. Статистиката објави дека во првото полугодие имало за 4 отсто помалку вработени во споредба со истиот период лани, додека пак само во јули бројката изнесува 3,8 отсто. Најголеми отпуштања имало во преработувачката индустрија – посебно во производството на облека, текстил и кожа. Бројките се должат на намалните нарачки од странските партнери, велат од овој сектор.
За многу ни се намалени нарачките. Ние од некаде 6.500 парчиња паднавме на 3.500 парчиња дневно., изјави Ангел Димитров, претставник на текстилната индустрија.
Ангелов не е оптимист дека секторот ќе се стабилизира до крајот на годината.Се додека не се смири војната во Украина, очекува нарачките да продолжат да се намалуваат. Со порастот на платите, веќе не сме конкуретни за странците, па дел од нив го преселија своето производоство во Бангладеш, Пакистан и Индонезија, за двојно пониски трошоци.
Партнерот со кој работиме веќе си отвори 2 фабрики во Бангладеш, каде работната сила се плаќа по 200 долари месечно. Ние веќе не сме конкуретни по ниски трошоци, додава Ангелов.
Во исто време, статистиката објави дека во 2 тримесечје имало над 10 илајди слободни работни места. Наjмногу работници фалат во преработувачката индустрија и трговијата на големо и мало, односно во услужните дејности и продажбата.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар