Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување опшгта опасност“ по чл. 288 од КЗ. На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот.
Како што соопшти денеска МВР, за настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал Скопје. По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност