ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ја девалвира изградбата на автопатот Кичево-Охрид

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се лага и конструкција бројките коишто ги изнесе денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за направени дополнителни штети за граѓаните од изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Целта, според Сугарески, е да внесат забуна и да го девалвираат проектот.
- Неспособноста и неработењето на владата на СДС стануваат алармантни. Наместо по само пар недели владеење министрите од владата да одат на одмор, потребно е да се зафатат со работа. Министерот Сугарески наместо да лиферува лажни бројки и да креира конструкции треба да ги засука ракавите и да почне да си ги врши должностите, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција.
Главната борба на владата на СДС, додава ВМРО-ДПМНЕ, се криминалните побуди, тие во изградбата на патиштата гледаат можност за екстра криминална заработка преку кочење и избор на нови фирми, кои граѓаните ќе ги чинат многу повеќе и поскапо. - Сугаревски денес си даде автогол. Ако има отстапки од самите проекти, тогаш за тоа единствено треба Сугаревски да побара вина во неговата партија чија влада ги изготви тие проекти, и никогаш не ги реализира, затоа што немаше доволно капацитет и компетентност за тоа, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во текот на изборната кампања ветувале 600 километри автопат и 550 километри магистрални патишта, за сега, стои во соопштението, да гледаме дека не се способни да ги довршат автопатите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна и кои се во напредна фаза на реализација, а не пак да градат нови.
Ново на Сител
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
