ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе ја зголеми цената на струјата
ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на премиерот Зоран Заев посочи дека СДСМ наредната година ќе ја зголеми цената на струјата.
- Со либерализација на пазарот на електрична енергија која планира да ја воведе Владата на СДС, сметките на граѓаните за електрична енергија ќе се зголемат за најмалку 20 отсто. Тоа е многу повеќе од спектакуларно најавеното воведување двочасовна ефтина тарифа, која повторно ќе ја платат граѓаните, но на друг начин, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, воведувањето двочасовна дневна ефтина тарифа е популистички потег за да се изманипулираат граѓаните и да добијат повеќе гласови на локалните избори.
- Граѓаните треба да се свесни дека многу брзо по локалните избори ги очекуваат повисоки сметки за електрична енергија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија
-
Преглед на вестите од светот
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ