-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја носи Македонија кон колапс
-->

Економијата со владата на Ковачевски пропаѓа, а таа со мал прст не мрдува да им помогне на граѓаните и фирмите.
Македонија има најмал раст на БДП во вториот квартал од 2022 година споредена со сите земји од регионот.
Македонија има меѓу највисоките стапки на инфлација во Европа во месец јули од цели 16%.
Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во Европа, споредено со висината на платата.
Според ЕУРОСТАТ македонските стопанственици плаќаат најскапа цена на струја споредено со компаниите во другите земји од регионот.Скоро една четвртина од компаниите во Македонија немаат исплатено јулски плати.
Во месец јули индустриското производство има бележи пад од 5% во споредба со истиот месец минатата година која исто така беше катастрофална.
Со еден збор власта на антимакедонската СДС ја води државата кон тотален колапс.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
-

ДУИ прогласи победа на локалните, бара предвремени избори - ВРЕДИ за 2 круг ќе остават гласачите сами да одлучуваат
-

Со булдожери се чисти ѓубрето низ Скопје, Комунална хигиена се прави дека не ги гледа
-

ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје
-

Проекти и ветувања на кандидатите кои влегоа во втор круг во трка за градоначалнички функции
-

Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
-

Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”
-

Преглед на вестите од светот
