ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против обединувачкиот Манифест, а е за тиранската платформа
На Република Македонија неопходно и е обединување околу највисоките национални и државни интереси, а тоа го нуди Манифестот за единствена Република Македонија. СДСМ молчи околу Манифестот, кој обединува и сплотува, а прифати да ја реализира тиранската платформа која разединува, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кој го предложи Манифестот.
Од партијата посочуваат дека јавноста секојдневно е сведок на негаторски изјави насочени кон Македонија и нејзиниот идентитет, кои доаѓаат од творецот на тиранската платформа, неговите министри, коалициони партнери, но и од факторот од кој ќе зависи идната Влада на Заев, Зијадин Села.
- Дали на СДСМ му пречат принципите за владеење на правото? Бидејќи наместо владење на правото и правната држава сакаат заробена држава под плаштот на СДСМ и нивните роднинско кумовски врски во правосудниот систем по примерите: Медарски, Бубевски и СЈО. Дали можеби СДСМ е против спроведување на попис на население? Дали со тоа намерно се остава отворена врата на политичарите од соседството да лицитираат со бројки и да се поткусуруваат со Република Македонија, стои во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е против овој обединувачки Манифест, а е за тиранската платформа, која пропагира бинационалност, двојазичности и конфедерализам.
- Со прифаќањето на Манифестот, Република Македонија ќе покаже дека е земја со исправена кичма и високо изградена национална свест и чувство на грижа за сите нејзини граѓани. СДСМ е против сплотеност и взаемен просперитет на Република Македонија и сите нејзини граѓани. Токму затоа народот е на нозе! Токму затоа Македонија се буди, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски