ВМРО-ДПМНЕ: СДС за 350 милиони евра можеше да набави околу 580 ангографи кои многу ќе им значеа на граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ со 35 милиони денари инсталира ангографи во болниците низ Македонија со што постави високи европски стандарди на кардиолошката мрежа. Од друга страна пак новата влада на СДС за овие 100 дена на власт, освен што ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра, успеa неодговорно и расипнички да им ги потроши парите, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека неодоговорната влада на Заев за 350 милиони евра можела да набави околу 580 ангографи кои многу ќе им значеа на граѓаните.
Оттаму посочуваат дека доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка.
-Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствениот систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места. Јавноста се увери во неспособноста и расипништвото на оваа влада па затоа на 15-ти октомври, на локалните избори ќe и дадат црвен картон на СДС и нејзините расипнички политики, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон