Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
Почнаа средбите на Мицкоски во Вашингтон. Веднаш по пристигнувањето во САД поради инаугурацијата на новиот претседател Трамп, премиерот оставрил средба со Крис Павловски, Американецот со македонско потекло сопственик на компанијата Рамбл, и блозок на првите соработници на Трамп - Хауард Лутник, новиот министер за економија и потпретседателот на САД ЏД Венс.
„Директно од аеродром на состанок. Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата. Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори, зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Компанијата на Павловски заедно со „Трамп Медиа“ ја организираат и свеченоста „Гласови на слободата“, главната манифестација по заклетвата на Трамп, каде ќе присуствува и македонскатра делегација. Мицкоски во Вашингтон е заминат заедно со шефот на дипломатијата Муцунски, вицепремиерот Меџити и со заменик-министерката за европски прашања Трајков.
Освен владината делагација, на церемнијата за инаугурација ќе присуствуваат и Таравари, Касами, Зекирија Ибрахими и Гаши, како лидери на коалицијата Вреди.
Во меѓувреме американската престолнина целосно е подготвена за инауграцијата на Трамп. Новоизбраниот претседател синоќа заедно со своетот смејство од Флорида пристигна во Вирџинија и тоа со авион на американското воено воздухопловство испратен од претседателот во заминување Џо Бајден.
Од аеродромот тој се упати на својот имот - голф терен на 50-тина километри од Вашингтон, каде со сопругата Меланија беа дочекани со голем огномет и забава со 500 гости.
Пред да пристигне, Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си вети дека ќе потпише рекорден број извршни наредби веднаш по положувањето заклетва. Тој рече дека може да има околу стотина вакви наредби, меѓу кои и помилувањата на неговите поддржувачи за упадот во Капитол во 2021 година, а ќе повлече и многу одлуки на Бајден.
Временската прогноза - дека во понеделник ќе биде најстудениот ден во американската престолнина, го смени местото на одржување на церемонијата и давањето на заклетвата, внатре во Капитол.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар