ВМРО-ДПМНЕ: Пунктовите за вакцини и за тестови затворени на празници, болните оставени сами да плаќаат
Бројката на болни од корона се движи кон 10.000 лица.
Бројката на починати надмина 8.000 лица.
Венко Филипче и Зоран Заев ќе бидат запаметени по негативни рекорди. Македонија е високо петто место на светската листа на починати, а во Европа е на четврто.
И наместо организација и одговор на зголемениот број на корона позитивни, Филипче и Заев ги затворија вакциналните пунктови, но и оние за тестирање, па граѓаните се приморани од свој џеб да ги плаќаат тестовите по приватни лаборатории. Или џабе одвојуваат од својот џеб за здравствено осигурување. Плаќаат тестови, плаќаат тестови, а плаќаат и за лекување.
Само за овие три празнични дена има околу 3.000 заболени.
Јасно е интересот на Филипче и Заев беше само за нивните бизнис интереси, односно корупција и криминал.
Тешко дека и Димитар Ковачевски и неговиот тим ќе направат нешто поинаку, нешто за граѓаните.
За соодветна грижа за граѓаните треба план и негова реализација. За тоа треба избори и нова влада, а по изборите сите што ги заборавија граѓаните и се грижеа само за личните интереси, корупција и криминал ќе одговараат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод
-
СДСМ на граѓанска трибина во Карпош
-
Тема на денот со Драган Ѓилас, претседател на ССП и лидер на опозицијата во Србија
-
„Имаше експлозија и голема поплава“, сведочат граѓани за пукањето на водоводната цевка во Влае
-
Мега паркови и еко-мерки дел од ветувањата од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
-
Филипче: Власта ги злоупотребува државните институции во кампања
-
Ветувања за подобра инфраструктура во скопски Чаир
-
Предизборна кампања на независните кандидати и помалите партии