ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството мора да се ослободи од стегите на власта
Истрагата за најголемата криминална афера во македонската историја, аферата „Рекет“, се претвори во фарса и театар со кој се замајува македонската јавност. Обвинителството по кој знае кој пат наместо во одбрана на правото и правната држава застанаа во одбрана на мафијата и криминалците.
Зоран Заев ја укина правната држава и воспостави тоталитарен криминален режим. Вчерашното сведочење на Јанева е доказ дека истрагата за милионскиот криминал за случајот „Рекет“ е компромитирана.
Заев, Русковска и Јанева уште еднаш ја потценија интелигенцијата на граѓаните. Јанева даде исказ како сведок во присуство на адвокат, адвокат кој истовремено правно застапува еден од таргетите во случајот „Империја“ на СЈО. Ова е навреда за секој чесен граѓанин кој очекува правда во Македонија и кој сака нашата држава да ја види како успешна приказна.
Очигледно е дека Јанева не сака да соработува со обвинителството. Очигледно е дека таа застана во одбрана на главата на криминалниот октопод аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Правосудството мора да се ослободи од стегите на власта, мора да ги игнорира притисоците на Зоран Заев, бидејќи во спротивно станува соучесник во најголемата криминална афера во модерната историја на Македонија. Истрагата мора да се прошири и мора да се откријат сите пипци на октоподот, како Кики, Фрики и Шеки, пипци кои водат директно до главата, Зоран Заев.
Македонските граѓани се жртви на криминалната банда на чело со аболицираниот Заев, банда која ќе ја поразат на следните парламентарни избори. Кога Зоран Заев ќе си замине тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законите, но и оние кои наместо да го гонат застанале во одбрана на криминалот.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим

