Во затворот во Куманово се однесувале нечовечки кон сопственикот на „Пулс“, адвокатката бара префрлање во Идризово

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителката на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на денешното рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово, бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понизно кон обвинетиот“.
Нејзиното барање беше и во насока на тоа што судницата во која се одвива процесот се наоѓа во близина на затворот, како и поради неговата здравствена состојба и потребата од лекарска интервенција.
Претходно адвокатот Петре Шилегов, бранител на Шефкет Хазари од Министерството за економија, на почетокот од денешното судење побара да се преиспита обвинението за да се види кој бил директно инволвиран а кој не, и да се направи издвојување на постапките. Воедно, побара да се одложи денешното рочиште.
Судот го одби ова барање, со образложение дека не може да му наложи на ЈО како да постапува.
-Јавното обвинителство е самостоен орган и судот не може да му наложи како ќе постапува и дали ќе се консолидира со ОЈО ГОКК, а особено што судот секогаш мора да постапува само по поднесеното обвинение не мешајќи се во работата на ЈО, како и од причини што нема увид во другото обвинение и во овој момент и да го има не може да врши споредба, рече судијката Диана Груевска Илиевска.
Според Шилегов, обвинението против дел од обвинетите, вклучително и Шефкет Хазари, е правно неодржливо бидејќи тие немале законска надлежност за инспекциски надзор, нагласувајќи дека „правдата не смее да се гради врз неправда“.
Судењето продолжи со сведочење на Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК. По нејзиното сведочење, предвидено е сослушување на уште четворица други сведоци.
На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.
За несреќата се обвинети над 30 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.
Судењето ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Иран: Можеме да водиме интензивна војна со САД и Израел шест месеци
-

Приведен 39-годишник од охридско, во домот ја нападнал сопругата
-

Трамп го обвини Техеран за нападот врз женското училиште во Иран со над 160 жртви
-

Најстудено во Берово -3 степени, преку ден до 17 степени и можен слаб дожд
-

Австралија размислува за помош на земјите кои се мета на ирански напади
-

Еден-два победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1
-

Жените во ЕУ земаат просечно 24,5% пониски пензии од мажите, во Македонија за 18,2%
-

„Права. Правда. Акција. За СИТЕ жени и девојки“ - кога правдата ќе потфрли, жените ја плаќаат цената
