ВМРО-ДПМНЕ: Парите што ги троши Владата без бенефит за граѓаните
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува Владата дека за неполни три месеци ја задолжила државата за стотици милиони евра, од кои, како што оценува во соопштение, граѓаните не виделе никаков бенефит.
- Изградба на километар нов автопат, во зависност од теренот, во просек чини околу 6 милиони евра. Во изминатите неполни три месеци СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигнаа 334 милиони евра. Со парите кои расипнички ги потроши неодговорната влада на СДС и Заев можеа да изградат автопат од 50-тина километри, што значително ќе го подобреше животот на граѓаните. Нов автопат нема, а ги нема ниту народните пари, наведува во соопштението ВМРО-ДПМНЕ и прашува каде Владата ги потрошила парите.
Според ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев и новите кадри ги ставиле личните пред интересите на граѓаните.
- Нивен приоритет е да ги задоволат сопствените алчни апетити и затоа народните пари решија да ги искористат за луксузирање и покривање на партиски вработувања по државните институции. Неспособната и алчна влада на Заев поради негрижата за граѓаните на 15-ти октомври жестоко ќе бидат казнети и поразени, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Преглед на вестите од светот
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода