Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
Сопругата на доктор Зекирија Шаини не стоела врз обидот за негово убиство, тврди тој. Обидите за врзување на неговата сопруга со неговиот атентат, вели се да се дискредитира неговото семејство. Да се плашел од неа немало да живеат се уште заедно во Слупчане. Бара полицијата да го најде вистинскиот човек што пукал во него.
Неговата сопруга вчера беше пуштена на слобода бидејќи органите не нашле доволно докази дека таа била поврзана со обидот за убиство на Шаини.
Но сепак до Обвинителството денеска пристигна кривична пријава од МВР за неговата сопруга и уште едно лице.
- До ОЈО Куманово денеска е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешната сопруга на оштетениот. Пријавата се однесува на претходни испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инсидентот со пукањето се уште се проверуваат, велат од ОЈО.
Според Кривичниот законик, тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот или тело или животот или телото на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. Во истиот закон, друг член стои дека гонењето за делото од ставот (1) се презема по приватна тужба.
Но од Обвинителството велат дека прецизна квалификација за делата ќе се одреди по преземање на дејствијата. Има повеќе осомничени за обидот за убиство, но не откриваат колку и кои.
Полицијата пак се уште го бара човекот кој пукаше во Шаини. Според МВР станува збор за 36 годишен гостиварчанец.
Шаини кој е доктор на пулмологија, но и носител на листа во општината Слупчане од ДУИ кажа дека не се плаши и дека вечерва ќе присуствува на митингот на неговата партија во Куманово.
Ги повика политичарите да не собираат политички поени на неговиот случај и да го претставуваат како семејна драма.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар