ВМРО-ДПМНЕ: Огромниот број на смртни случаи од КОВИД одат на совест на неспособната влада на СДСМ и ДУИ
Огромниот број на смртни случаи од КОВИД одат на совеста на неспособната влада на СДСМ и ДУИ.
Само во текот на вчерашниот ден како последица од КОВИД заболување животот го загубиле 26 лица.
Над 8.000 луѓе, колку што жители има едно Крушево, Берово или Кратово починале откако почна пандемијата.
Власта прво не набави вакцини, туку бркаше провизии, и половина година народот немаше каде да се вакцинира па одеше во земјите од соседството.
Откако се набавија вакцини продолжи негрижата преку монтирање на картонски болници, од кои една изгоре и одзема живот на 14 наши сограѓани, случај за кој до денес нема одговорност.
Во текот на целиот период на пандемијата власта се однесува неодговорно. Неодговорна е и сега кога учениците наместо со онлајн настава, ги тера на настава со физичко присуство.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница