ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да понесат одговорност за нерешавањето на случајот во Љуботен
ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека се додека истрагата за сквернавањето на православните гробишта во Љуботен стои во место, безбедноста на граѓаните е загрозена.
Дејан Митровски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека поради ова надлежните во Министерството за внатрешни работи треба да понесат одговорност.
- МВР и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски целосно потфрлија за тоа за кое се платени со пари на граѓаните. Тие очигледно не се грижат за редот и мирот во државата, а сторители на кривични дела, како свернавење на гробишта, креирање на тензии и поттикнување верска и национална омраза, се оставаат слободно да се шетаат и да ги поворуваат одново. Како поинаку граѓаните да го толкуваат фактот дека после 12 дена сеуште не се откриени сторителите на вандалскиот чин во Љуботен кога беа уништени 30-тина православни гробови, рече Митровски.
Тој додаде дека штетата од овој чин не е само материјална, туку може да влијае и на меѓуетничките односи во Бутел.
Ново на Сител
-
Руски медиуми: Рубио ќе присуствува на воената парада во Москва
-
Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп
-
Сончево и топло, попладне пороен дожд
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје