ВМРО-ДПМНЕ: На родилка и беа извадени три здрави органи, а на Филипче ич не му е гајле
Венко Филипче воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните.
Единствено му е важно да си ги реализира своите и партиските интереси, а не да си ја заработи платата.
На родилка и беа извадени три здрави органи, а на Филипче ич не му е гајле.
Филипче само вели „стигна извештајот од Лекарската комора не нашле пропуст при стручниот надзор“.
И толку, понатаму Филипче ништо не го интересира.
Филипче вели дека му треба време да размисли за разрешување на докторот директор?! Какво размислување, тој доктор директор осакатил жена и и извадил три здрави органи.
Точно дека во ваков случај постапуваат надлежните институции, но Филипче мора да делува, мора да побара политичка одговорност. Делото го направил доктор кој е воедно директор на Болницата во Струга.
Никој не смее така да постапува, најмалку директор, ама министерот мора да делува.
Кога министерот не делува, и тој треба да сноси одговорност!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница