Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
Двајца полициски службеници биле физички нападнати при вршење контрола на угостителски објект во Виница, каде затекнати биле и малолетници со алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од 23:50 часот синоќа до два утрово, постапувајќи по претходно подготвен план, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Штип во содејство со инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот пазарен инспекторат, Трудовиот инспекторат, Управата за јавни приходи и Центарот за јавно здравје - Кочани, извршиле контрола во Градскиот базен во Виница.
- Притоа, легитимирани се 19 лица, а извршен е преглед врз осум лица, а од страна на полициските службеници во објектот беа затекнати и три малолетни лица, од кои две на 16-годишна возраст од Виница и едно на 14-годишна возраст од Кочани, како консумираат алкохолни пијалаци. Известен е јавен обвинител од ОЈО - Кочани и по негови насоки, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на деца“ по член 204 од КЗ на РСМ, од лицата, во присуство на родител - старател, земени се изјави, материјал за анализи и извршено е алкотестирање, појаснија од МВР.
При вршењето на контролата од страна на У.М., 34-годишно лице од Виница, прво вербално, а потоа и физички биле нападнати двајцата полициски службеници. Потоа, У.М. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
- Покрај ова и од страна на Државниот инспекторат за труд при контролата, констатирани се прекршоци во делот на нерегулирани работни односи на дел од вработените во угостителскиот објект, истакнаа од МВР.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица