ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот народ го прочита Заев и неговата влада, за сите лаги ќе го казнат
Македонскиот народ го прочита Зоран Заев и неговата влада. За сите лаги ќе го казнат.
Зоран Заев треба да знае дека македонскиот народ е честит, достоинствен, колку и да го корне, тегне, уништува тој повторно ќе изникне, тој е пиреј.
Правда отако СДСМ е на власт нема. Правдата денес не може да ја постигне ниту она распаднато СЈО, ниту пак Кацарска судството или Рускоска обвинителството. Тие се дивото месо на Заевизмот кои ја гушат правдата, и како куклен театар тој заевизам ги игра куклите.
Фирмите на Заев прават профит од 100 милиони евра годишно, а обичниот граѓанин се бори за парче леб. Кланот Заеви секојдневно ги шири своите бизниси во соседството, со цел да ги избегне погубни политики на власта која тој ја предводи,а истовремено илјадници млади граѓани на Македонија ја напуштаат државата.
Република Македонија мора да се врати на вистинската патека, на економски просперитет и добробит за сите граѓани, на црнилата предводени од Зоран Заев мора да им се стави крај.
Затоа на 21 април граѓаните масовно ќе излезат и ќе му порачат на Заев и на СДСМ дека се поразени и ќе се испратата во темната историја на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен