Преглед на вестите од светот
Еден војник загина, а еден е тешко повреден откако воена цистерна се превртела во Црна Гора.
Државата се бори со шумски пожар кој ги загрози домовите и беше причина за евакуација. Пожарникарите се обидуваат да го контролираат, но тој зафати неколку куќи во близина на Подгорица.
Пожари беснеат речиси низ целиот Медитеран. Повеќе од 2000 луѓе се евакуирани во близија на шпански Кадис.
Американскиот претседател Трамп потврди дека пред средбата со рускиот колега Владимир Путин, ќе разговара и со европските лидери и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој ги нарече европските лидери „одлични луѓе и одлични лидери“, но потврди дека се уморни од војната и сакаат да се вратат на трошење пари за своите земји.
Алјаска се подготвува за историската средба Трамп - Путин.
Продолжуваат израелските ракетни напади врз појасот Газа. Израелската војска тврди дека се обидува да избегне цивилни жртви, но дека Хамас ги користи цивилите во Газа како човечки штит, оперира во густо населени региони, хуманитарни зони, училишта и болници.
Ова тврдење на Тел Авив, Хамас до сега неколку пати го демантираше. Жителите на Газа тврдат: Израел таргетира цивили.
Претходно, израелската војска таргетираше новинари на Ал-Џезира. Тел Авив тврди дека тие биле дел од терористичка ќелија во Хамас, додека телевизиската куќа тврди дека станувало збор за најхрабрите медиумски работници кои ги имале.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар