Loading Video...
Свет
8. August 2025 - 16:39

Одобрен планот на Нетанјаху за контрола врз Газа - Странските лидери повикуваат да ја преиспита одлуката

Израелскиот кабинет за безбедност го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, израелските одбранбени сили да ја преземат контролата врз градот Газа, соопштија од премиерскиот кабинет. Очекувањата се дека планот треба да трае 5 месеци во неколку фази. Со фокус на евакуација на заложниците.

Нетанјаху порача дека Израел има намера да преземе воена контрола врз целиот Појас Газа, за да го уништа Хамас и да ги врати заложниците. 

Нашиот план не е да ја окупираме Газа, нашата цел е да го уништиме Хамас и да ги вратиме заложниците, а потоа да ја предадеме Газа на преодна влада кај арапските сили кои ќе управуваат правилно, без да ни се закануваат.

Портпаролот на палестинскиот претседател Абас, вели дека ја осудуваат и отфрлаат оваа акција.

„Ја сметаме американската администрација за одговорна за ограничување на оваа израелска политика, бидејќи американските изјави само го охрабруваат Израел да продолжи со војната. Затоа, ние, палестинското претседателство, денес сме во постојан контакт со арапските лидери и со светот за да ја осудиме и отфрлиме оваа акција и да вложиме напори на сите нивоа за да ја запреме оваа агресија. Ова е опасна агресија и овие изјави се неодговорни. “

Планот за целосно воено преземање на Газа мора веднаш да биде запрен,реагира преку соопштение високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк.Вели понатамошна ескалација ќе резултира со уште поголемо масовно присилно раселување, повеќе убиства, неподносливи страдања, бесмислено уништување и со злосторства против човештвото. “

Британскиот премиер Стармер бара Нетанјаху повторно да ја преиспита својата одлука. Повика на прекин на огнот и запирање на хуманитарната криза

Реагираат и Обединетите нации,  секоја одлука за проширување на воените операции на Израел во Газа е длабоко алармантна. Палестинците очајни велат немаат каде да одат , бараат решение по новите операции на Израел. 

„Не знам каде да одам. Каде да одиме? Ова е срамно. Во секој случај живееме во шатори, каде сака да нè прати? Она што ќе се разликува е областа. то да правам, каде да одам?“

„Неправедно е да си заминеме. Каде да одиме? Каде да одиме? Велат на југ. Нема место за нас на југ. Останавме на југ, а тие нè натераа да се преселиме на север, ние останавме на север, потоа нè натераа да се преселиме во Западна Газа. Останавме во крајбрежната област, и оттука и таму, тие постојано нè тераат да се преселиме. Каде да одиме? Нема ништо што можеме да направиме. Велам, нека умреме таму каде што сме, подобро е.“

„Југот не е безбеден, Газа (градот) не е безбеден, северот не е безбеден. Каде да одиме? Дали да се фрлиме во морето? Каде да одиме? Најдете решение за нас.“

Израелците пак на протести против планот повикаа владата да се откаже од планот.